Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Цената на нафтата значително скокна

На лондонскиот пазар во четвртокот, веднаш по рускиот напад на Украина, цената на барел нафта скокна многу над 100 долари, првпат по повеќе од седум години, но во петокот падна под тоа психолошки важно ниво.

По големите осцилации на крајот на неделата, цената на барелот на лондонскиот пазар забележа неделен пораст од 4,7 отсто, на 97,93 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 0,6 отсто на 91,59 долари.

Во четвртокот, по рускиот напад на Украина, цената на барелот на лондонскиот пазар во еден момент достигна 105,79 долари, што е највисоко ниво од крајот на 2014 година.

Најголемиот напад на една европска земја врз друга од Втората светска војна ги зголеми стравувањата од прекини во снабдувањето.

Можеби ќе ве интересира

Пензионерите идниот месец ќе добијат покачени пензии за 1.000 денари – Дали е тоа доволно?

ДЕСК

За три месеци минималната синдикална кошничка се покачила 2.326, а минималецот ќе се зголеми за 1.667 денари

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Стандардот на граѓаните е приоритет, Владата будно ги следи цените, институциите се во постојана координација

ДЕСК