Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно влажни коловози, додека на повисоките места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила, од 15.11.2021 до 01.04.2022. Од охридска страна, сообраќајот ќе се одвива до месноста Корита.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

АМСМ: ВНИМАВАЈТЕ КАЈ ГРАДСКО, БУЧИМ И НА ПЛАНИНСКИТЕ ПАТИШТА – Важни информации за возачите

ДЕСК

ДЕНЕСКА ОБИЛНИ ДОЖДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА – УХМР најавува над 30 литри на квадратен метар на запад

ДЕСК

Левица: Терор од брзите кредити со амин од власта – изнудувачи доаѓаат дома и ги заплашуваат семејствата

ДЕСК