9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАКУЈНАИЗБОР

Обратете внимание: Дали знаете точно колку мелено месо може да стои во замрзнувачот?!

Свежо купеното мелено месо може да остане во фрижидер еден ден, најмногу два, па најдобро би било доколку не планирате да го консумирате во тој период, ставете го во замрзнувач. Но, дали може да остане таму долго?

Губењето на влагата е една од главните причини зошто меленото месо го губи својот вкус откако ќе отстои подолго време, според U.S. Одделот за земјоделство (USDA), дури и ако е во замрзнувач, што значи дека не може да стои таму цела вечност.

Ако е термички обработен и правилно складиран, може да се замрзне 2 до 3 месеци и вкусот нема да се промени толку многу бидејќи дел од влагата веќе е изгубена при готвењето.

Суровото мелено месо може да се чува во замрзнувач три до четири месеци. Секако важно е и како се подготвува.

Во оригиналното пакување може да стои до 2 недели, а доколку планирате да го чувате подолго од тоа, добро би било пакувањето да го завиткате со фолија или да го ставите во кеса за замрзнување.

Добро е да го напишете датумот ако е само во пластична кеса за да се потсетите колку долго треба да го користите.