17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведени криумчари, превезувале 9 мигранти од Пакистан

На 16.02.2022 во 18.40 часот, на регионален пат Р1103 клучка Демир Капија, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Михајлово лишен е од слобода Ј.Р.(44) од Гостивар. При контрола на патничко возило „БМВ“, со гостиварски регистарски ознаки, кое тој го управувал биле откриени четири лица илегални мигранти од Пакистан.

Во 20.10 часот кај место викано Острово, во близина на Неготино, биле откриени уште пет лица илегални мигранти од Пакистан, кои претходно се превезувале со возилото „БМВ“, а лишен од слобода е Е.М.(28) од с.Врапчиште. Ј.Р. и Е.М. се приведени во полициска станица и во извршен службен разговор признале дека двајцата учествувале во прифаќањето и превезувањето на илегалните мигранти.

Во координација со Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, против лицата во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по чл. 418-б ст.2 и ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основед суд Скопје, а лицата-илегални мигранти се предадени во прифатно-транзитен центар.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Приведен криумчар, пронајдени мигранти од Сирија

M T

Приведени криумчари на мигранти

M T

Пронајдени телата на 7 мигранти кои се удавија при обид со брод да стигнат до Шпанија

M T

Приведен криумчар на мигранти

M T

Приведен криумчар од радовишко, превезувал 88 мигранти

M T

Приведен криумчар, пронајдени шест лица мигранти

M T