Соопштение на СДСМ:
Исполнуваме уште едно ветување дадено пред граѓаните, повторно ја зголемуваме минималната плата.
Од први април 80.000 работници ќе добиваат минималната плата од најмалку 18.000 денари, односно зголемена за 45 евра.
За само четири и пол години минималната плата ја зголемуваме за 100 отсто.
Со новото зголемување на минималната плата го вреднуваме трудот на работниците и го унапредуваме нивниот животен стандард.
Тоа е потврдено и со официјални податоци. Ако пред седум години беа потребни четири минимални плати за полнење на синдикалната кошница, сега, со ново зголемување синдикалната кошничка се полни со две минимални плати.
За седум години синдикалната кошница се зголемила за девет отсто, а за истиот период минималната плата е зголемена за 100 отсто.
Ова е потврда дека СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи сериозно го зајакна животниот стандард на сите граѓани.
Продолжуваме со реализација на мерки и политики што носат придобивки за граѓаните и за економијата.