Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Поранешните челници на ВМРО-ДПМНЕ признаа пред судот дека правеле избори нерегуларности

Дел од поранешниот врв на ВМРО-ДПМНЕ денеска во судница признаа дека правеле изборни нерегуларности. Тие вината ја признаа на судењето за случајот „Титаник“ во кој поранешниот врв на ВМРО-ДПМНЕ е обвинет за злосторничко здружување, повреда на избирачко право, повреда на слобода на определување на избирачи, поткуп при избори и гласање, како и за уништување на изборен материјал.

Неколку години откако целата јавност, преку „бомбите“, слушна како функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ги организирале изборите и дека тие биле се освен демократски и слободни, дел од обвинетите функционери јавно признаа дека го злоупотребувале државниот апарат.

Денеска на рочиштето на предметот „Титаник“ вината ја признаа ексминистрите Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески, поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Протуѓер, како и уште пет други обвинети во предметот.

Во овој случај обвинети се вкупно 21 лице, меѓу кои е и експремиерот и бегалец Никола Груевски. Тие се гонат за повеќе дела, како злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање и уништување изборен материјал.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК