Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МВР со детали за трагедијата на патот Штип-Радовиш – Во судир на два камиони почина 44 годишен радовишанец

На 10.02.2022 во 14.38 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресен пат Штип–Радовиш се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген крафтер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(30) од Скопје и товарно возило „цитроен берлинго“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.В.(44) од Радовиш.

На местото на несреќата починал возачот М.В., а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Со телесни повреди се здобиле возачот Ј.Ј. и сопатникот од истото возило А.Џ.(44) од Скопје, констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

*фотографијата е илустративна и не е од настанот објавен во овој напис/ фото Pixabay

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА САМКА ИБРАИМОВСКИ – Поранешниот пратеник и министер имаше 72 години

ДЕСК

СТУДОТ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Од викендот температурите ќе се спуштат под нулата

ДЕСК

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК