22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Административци ќе ја парализирале државата, се бунат откако беше покачен минималецот, бараат повеќе пари и тие!

Администрацијата ќе го парализира функционирањето на државата ако до 15 март не добие повисоки плати усогласени со минималецот- се закани Конфедерацијата на слободни синдикати.

Велат врие во јавната администрација – даваат шанса на социјалниот дијалог со владата – но ако нема решение велат ќе има генерален штрајк.

Ова доаѓа откако Владата одлучи минималецот кој главно го земаат работниците скокна на 18.000 денари.

Дали административците имаат право на вакви закани, со оглед дека нивните плати веќе неколку години растат и се многу високи во однос на квалитетот на услугите кои ги испорачуваат, а за време на ВМРО ДПМНЕ беа речиси замрзнати.