Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

265 сообраќајни прекршоци во Скопје, 59 за недавање првенство на минување на пешаци

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 265 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, 59 за недавање првенство на минување на пешаци, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 56 прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, пет за нерегистрирани возила, четири санкции за некористење сигурносен појас, шест за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за непрописно престројување на возила, 48 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СОБРАНИЕТО ПОПУШТИ ЗА СПОРНИОТ ЧЛЕН – Избришана одредбата што ја оспори претседателката

ДЕСК

ПОЛИТИЧКИОТ ВАКУУМ НА БАЛКАНОТ НЕ ТРАЕ ДОЛГО – Сиљановска-Давкова предупреди од Париз

ДЕСК

ЕВРОПА НЕ СМЕЕ ДА СЕ КОЧИ СО БИЛАТЕРАЛНИ СПОРОВИ – Порака од средбата на двајцата претседатели

ДЕСК