23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Калеска-Ванчева: Ако на ВМРО ДПМНЕ не им е во ред претседателката, не може да го блокираат цел Уставен суд

„Опозицијата вели дека со блокирањето на Комисијата за избори и именувања и неназначувањето на преостанатите четири члена на Уставниот суд штити општодржавни интереси. Кој е општодржавен интерес? Да не функционира Уставниот суд бидејќи некој не се согласува со изборот на претседателот?“ ја запраша пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска Ванчева нејзината колешка од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска во емисијата „Само вистина“.

Таа додаде дека се знае како се бира претседателот на Уставниот суд и другите членови и потенцираше дека никој не спречил било кој пратеник да предложи и образложи било кое кадровско решение.

„Без разлика дали сме се согласиле или не со некое кадровско решение, ако тоа е избрано согласно закон, тогаш треба одлуката да се почитува. Тоа не значи дека не може да се критикува, но недозволиво е да се прават вакви опструкции“ кажа Калеска Ванчева.

Пратеничката од СДСМ во емисиајта исто така кажа дека опозицијата ја блокира нормалната работа на Собранието со блокирањето на Комисијата за избори и именувања, но и со безброј процедурални забелешки и негласање на дневен ред во другите комисии.