Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Премиерите Ковачевски и Петков одржаа пленарен состанок во присуство на делегациите од двете земји

Во рамки на официјалната посета на делегацијата од Република Бугарија, во Владата на Република Северна Македонија се одржа пленарен состанок на премиерите на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и на Бугарија, Кирил Петков, заедно со членовите на двете Влади.

На пленарниот состанок на владините делегации од двете држави се дискутираше за важноста од реализација на проектите во насока на подобрување на состојбата во конкретни области меѓу двете земји за што министрите на двете Влади ги презентираа нивните заклучоци од билатералните средби.

По пленарната седница предвидена е заедничка прес-конференција на премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков.

Можеби ќе ве интересира

УЖАС: СЕМЕЈНА ДРАМА ВО СКОПЈЕ – 22-годишна жена пријавила дека сопругот ја нападнал и им ја зел малолетната ќерка

ДЕСК

ПРИЈАВЕНИ ФИЗИЧКИ НАПАДИ ВО СКОПЈЕ – Нападнат 61-годишен маж, во друг случај две малолетни деца

ДЕСК

ДВА ИНЦИДЕНТА ВО ЗАТВОРОТ „ИДРИЗОВО“ – Жена фатена со марихуана при посета на осуденик, во друг пакет пронајдени 171 таблета

ДЕСК