Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мицкоски коленичеше пред Борисов, му се сили на Петков

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред посетата на бугарскиот премиер, Кирил Петков во медиуми се претставува како силен патриот и се фали како ќе настапувал, додека при неговата средба со претходниот бугарски премиер, Бојко Борисов, исплашено одговори дека прифаќа се.

При средбата на Мицкоски и Борисов, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека го поддржува Договорот за добрососедство меѓу Северна Македонија и Бугарија и исплашено се потчини на бугарскиот премиер.

Од друга страна и тогаш и сега во земјава, Мицкоски пред медиумите и граѓаните се претставува како силен патриот.

Изминативе неколку денови во изјавите за медиуми, Мицкоски повторно продолжува со истата реторика дека тој е силен патриот и најавува како ќе се однесува со бугарскиот премиер Петков.

Тој дава предлози што новинарите да го прашувале Петков на прес-конференцијата, а доколку новинарите не го направеле тоа, тогаш тој ќе го брашал бугарскиот премиер при нивната средба на кој народ припаѓа Гоце Делчев и кој го кренал Илинденското востание.

Ќе има ли Мицкоски храброст тој лично да го праша Петков на средбата или е силен само за пред камери, а кога е лице в лице коленичи?

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК