Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Фатени двајца крадци што ограбиле бензинска пумпа кај Катланово

Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои извршиле разбојништво во бензинска пумпа.

Двајцата соизвршители на возраст од 25 и 22 години, на 14 јануари во раните утрински часови, со автомобил паркирале во близина на бензинска пумпа на локалниот пат од село Ражаничино кон Катланово. Се маскирале со блузи кои ги прилагодиле како фантомки, со отвори за очите. Со ножеви во рацете им се заканиле на вработените, барајќи да им го дадат дневниот промет на пумпата. На тој начин тие одзеле 7.815 денари и со возилото се оддалечиле од местото во правец кон селото Бадар, каде сопреле со автомобилот, но набрзо биле откриени и фатени од полициски службеници.

Бидејќи постои опасност осомничените да се дадат во бегство, да ја попречуваат постапката со влијание врз сведоците/оштетените или да го повторат делото, јавниот обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

Можеби ќе ве интересира

КЛЕКОВСКИ ПО НАПАДИТЕ ВРЗ МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА – „НЕ МОЖЕ СЕКОЈА БРЗА ПОМОШ ДА ИМА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ“

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ВО СРЕДА СЕ БУДИ ВО МИНУС – Потоа следуваат обилни дождови, силен ветер и снег за викендот

ДЕСК

Попов: После 14 години СДС во Центар, општината не е способна да реализира сериозен проект, освен да нацрта мурал

ДЕСК