Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Петков: Со Северна Македонија ќе разговараме за правата на Бугарите, инфраструктурата, интеграцијата и историјата

Бугарскиот премиер Кирил Петков во видеообраќање вчерашната седница на Советот за национална безбедност ја оцени како навремена и корисна дискусија. Според него, таа покажала дека сите учесници имаат заедничка цел – надминување на застојот во односите со Република Северна Македонија и давање нов почеток во стремежот за добрососедство.

„Сакам да му се заблагодарам на претседателот што вчера го свика Советот, како и на парламентарните групи за нивното учество. Заедно се обединивме за една заедничка цел – добрососедство. Ја потврдивме постојната позиција на Бугарија во нашите односи со Северна Македонија“, рече премиерот.

Според него, даден е нов почеток на дијалогот што треба да се реализира во наредните месеци.

„Во овој нов почеток треба да разговараме за важни прашања за двете земји – за правата на Бугарите во Северна Македонија, заедничката инфраструктура, заедничкиот културен календар, европската интеграција и историјата“, додаде тој.

Според Петков, брз напредок може да се постигне само со напорна работа и заеднички напори.

„Се надевам дека нашите соседи и нашата делегација ќе може да постигнат вистински напредок“, додаде тој.

Петков рече дека овој месец ќе отпатува во Македонија за да покаже дека може да се направи многу повеќе преку конструктивен дијалог отколку што е постигнато во последните години. „Заедно можеме повеќе“, заклучи премиерот.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК