Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нов земјотрес утрово во Битола и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска повторно регистрираше серија на земјотреси од пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин.

Епицентрите се наоѓаат 120 km јужно од Скопје во соседна Република Грција.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, најсилно беше почувствуван земјотресот во 4 часот и 1 минута, со локална Рихтерова магнитуда ML3.7 и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, од населението во градот Битола и околината.

Можеби ќе ве интересира

Почнува реконструкцијата на Универзална сала

C +

Следува период на променливо облачно и посвежо време

C +

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ВЕТЕР, ПОРОЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК