Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

НАД 1.400 СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ ВО ОХРИД ЗА ДЕСЕТ ДЕНА – Најголем дел се за пребрзо возење

Системот за видеонадзор „Сејф сити“ на подрачјето на СВР Охрид за десет дена регистрирал 1.415 сообраќајни прекршоци. Од нив, 1.211 се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина, што претставува над 85 проценти од вкупниот број.

По реакции на возачи за времетраењето на жолтото светло на семафорите на булеварот „Железничка“, најавена е промена од две на пет секунди. Целта е возачите да имаат повеќе време за безбедна реакција при приближување кон раскрсниците.

Од полицијата апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата, нагласувајќи дека прекршоците регистрирани преку системот се обработуваат автоматски.

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ – Нов закон треба да овозможи жртвите да бидат предупредени за опасност

ДЕСК

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК