20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Новата Влада има полн легитимитет и ќе испорача резултати, во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува

Соопштение на СДСМ:

Новата Влада предводена од СДСМ значи ефикасност во работењето, одговорност и посветеност во решавањето на сериозни предизвици кои се пред граѓаните.

Покрај докажани професионални кадри од претходниот состав на Владата, речиси 70 отсто од министрите од редовите на СДСМ се нови, компетентни лица, подготвени да ја преземат одговорноста во соодветните ресори.

Новата Влада има полн легитимитет добиен на изборите од 2020 година и има капацитет да испорача резултати во однос на надминување на енергетската криза и заштита на стандардот на граѓаните.

СДСМ постојано покажува капацитет за промени, со цел што подобро да им служи на граѓаните и државата.

Од друга страна, во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, во тамошното раководство се уште се присутни стари познати кадри, соработници на Никола Груевски и поддржувачи на режимот.

Додека СДСМ постојано се менува, ВМРО-ДПМНЕ останува истата деструктивна партија која работи на штета на граѓаните.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Бектеши: Според сите показатели годинава ќе бидат постигнати очекуваните резултати во туризмот

M T

Брзи резултати со овие 6 трикови: Како да станете фит без гладување и вежбање

M T

НЕМАЛЕ С*** ЕДЕН МЕСЕЦ: Два пара направија ЕКСПЕРИМЕНТ, а еве ги резултатите од АПСТИНЕНЦИЈАТА

M T

Северна Кореја тврди дека бележи добри резултати во борбата против епидемијата

M T

Престанале да пијат кафе ТРИ МЕСЕЦИ: Еве ги резултатите

M T

„ГОЛЕМ ПОЈАДОК“ Диета која дава добри резултати

M T