Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Температурите ќе паднат до -14 степени, доаѓа студ и снег – Метеоцентар со детална неколкудневна прогноза

Денес ќе има повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од утре следува период на стабилно, суво и ветровито време со умерен до засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде во четврток и петок кога утринските температури на места ќе се спуштат и под -10 степени.

Прогноза за 13.01.2022
Минимална температура: -12°C до -3°C
Максимална температура: -4°C до 5°C
Сончево и студено со мала до умерена облачност која попладне ќе се намали. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 14.01.2022
Минимална температура: -14°C до -4°C
Максимална температура: -1°C до 8°C
Претежно сончево и студено. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието.

Прогноза за 15.01.2022
Минимална температура: -9°C до -1°C
Максимална температура: 2°C до 10°C
Сончево и студено со мала до умерена облачност и со умерен, до повремено засилен ветер од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +