Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Арсовска не може да се бори против загадувањето со укинување мерки и намалување средства за животна средина

Соопштение на СДСМ:

Градоначалничката Данела Арсовска смета дека со мерка која траеше само еден ден како што беше бесплатниот автобуски превоз го решила аерозагадувањето во главниот град.

Не постои друго логично објаснување зошто Арсовска ги укинува мерките за спречување на загадувањето на воздухот во Скопје, а нема ниту дополнителни мерки.

Арсовска дури за три пати ги намали парите за Секторот за животна средина, ги намали и средствата за субвенционирање на трошоците за набавка на инвертори.

Таа истовремено ги укинува и девалвира добрите еколошки проекти воведени од градоначачлникот на СДСМ Петре Шилегов.

Со ваков пристап, Арсовска не може да го реши проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје.

Таа нема ниту знаење ниту способност и покажува крајна неспособност и аматеризам.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +