Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски за Сител: Од новиот тим на СДСМ очекувам чесност во работењето, ефикасност и одговорност

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во гостување во Дневникот на Телевизија Сител истакна дека од новото раководство на партијата очекува ефикасност, одговорност и чесност во работењето.

– Тимот е избран врз основа на основите за кои се залагав во програмата и во самото презентирање на мојата кампања, а тоа е дека ќе бидат стручни и ефикасни во извршувањето на своите одговорности. Тоа го побарав од сите пред да бидат практично номинирани. Очекувам со својата одговорност и чесност дека ќе дадат пример во работењето на партијата, но и во институциите во кои ќе бидат. Да бидат првите кои што ќе покажат чесност во работењето, а не само да се зборува за реформи, за спроведувањето на правдата и правото во државата, посочи Ковачевски.

Претседателот Ковачевски се осврна и на структурата на Извршниот одбор на СДСМ, оценувајќи дека тоа е тимот кој ќе донесе нови успеси на СДСМ, тим кој посветено ќе работи за интересите на граѓаните

– Во структурата на Извршниот одбор се вклучени кадри, лица од сите делови на државата. 50 отсто се застапени жените што значи дека имаме родово балансиран извршен одбор. И се застапени младите со 33 проценти. Значи имаме еден спој на искуство, на знаење на стручност од различни профили на професионалци, и докажани партиски другари. И на млади луѓе кои што ќе дадат дополнителна енергија, порача Ковачевски, додавајќи дека очекува поддршка во работата од сите претходни раководства на партијата.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +

Филипче: Пензионерите се оштетени, власта ги „краде“ со линеарни мерки

C +

Мицкоски: Со формирањето на Комитетот за јавни инвестиции, државата воспоставува поцврст и поодговорен механизам за одлучување

C +