Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Ковачевски: Новиот владин состав ќе биде готов на 11 јануари

Пред се ги гледав обвинувањата на опозицијата од прв ден бев мета на напад дури и со лични напади, тимот е составен од моја страна, се гледа дека имам свој интегритет и визија, а не дека сум тесно врзан со Зоран Заев, рече Димитар Ковачевски, новиот лидер на СДСМ во вестите на Сител.

– Владиниот кабинет сеуште не составен, вчера беше донесена одлуката дека ќе бидам мандатар и од утре ќе правам разговори со личности од партијата со цел да бидат идентификувани оние за одредени позиции, ќе предложам личности со професионален и политички квалитет, додате тој..

Ковачевски рече дека  додека нема финална одлука нема да шпекулира за новите министри.

– Се работи за другари од партијата и би било неблагодарно да постои јавна објава незасновани врз факти и дискусии и одлуки во партијата

Планирам да не се користи целиот уставен период, значи некаде околу 11 јануари да биде поднесен предлогот за Влада, а потоа Собранието да ги закаже процедурите, најави Ковачевски.

Со Мицкоски се разговарале на денот кога бил избран за претседател на партијата и се договориле да се видат.

Можеби ќе ве интересира

Одржани серија работилници за изработка на Националниот инвентар на јавни згради, „скенирани“ 2000 јавни објекти

ДЕСК

СДСМ: До кога граѓаните ќе чекаат Мицкоски и Филков да пратат документи за екстрадиција на Груевски?

ДЕСК

Жените извршуваат над 76% од неплатената работа на грижа – Конференцијата за трансформација на грижата отвора национален дијалог за системите за грижа во Северна Македонија

ДЕСК