8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈА

Температури до 16 степени: Какво ќе биде времето за Нова година и деновите пред тоа

Во следните два дена ќе преовладува значително облачно време со појава на магла и ниска облачност по котлините и речните долини. Повремен локален дожд ќе има во среда, а потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и се потопло. Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе предизвика постепено топење на снежната покривка.

Прогноза за 29.12.2021
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 7°C до 13°C
Претежно облачно, со повремен локален дожд. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Прогноза за 30.12.2022
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 6°C до 14°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 31.12.2021
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 9°C до 16°C
Сончево и потопло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот во северните делови облачноста ќе се зголеми.