11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски е новиот мандатар на СДСМ, ќе биде премиер

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на социјалните мрежи соопшти дека на вечераниот ЦО на СДСМ ја добил довербата да биде мандатар на идната Влада.

„За мене е огромна чест и одговорност што денес од ЦО на СДСМ ја добив довербата да бидам мандатар на иднаата Влада! Тоа е предизвик кој сум подготвен да го прифатам и посветено да работа за да ја оправдам довербата. Продолжуваме со седницата на ЦО за избор на ново раководство, како и нови членови на Централен и Извршен одбор на СДСМ“ напиша на фејсбук профилот Димитар Ковачевски

„СДСМ ќе се реорганизира, ќе продолжи да се демократизира и модернизира. Партијата е отоврена за вклучување на нови луѓе кои ќе ги одликуваат знаењето, чесноста и посветеноста на социјалдемократските вредности“, се додава во Фејсбук објавата на Ковачевски.