10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Доколку се запали фасадата, зградата на Владата би можела за кратко да биде проголтана од огнот

Фасадата на Владата, која чинеше 17,7 милиони евра, е предмет на интерес на истражителите и обвинителите, кои веќе со години го истражуваат проектот „Скопје 2014“, пишува „Фокус“.

Станува збор за сомнежи дека материјалот кој требало да биде употребен при изработката на фасадата не е со истиот квалитет како оној што е испорачан и дека ви можел да биде лесно запалив.

Во случај на пожар, пламнените јазици за краток период би ја „проголтале“ зградата. Затоа Обвинителството работи на утврдување дали материјалите кои биле наведени во тендерската документација се истите кои се употребени при изградбата.

Од Обвинителствоо не откриваат детали, туку само порачуваат дека предистрагата е во напредна фаза.