23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Иваноски до ВМРО-ДПМНЕ: Затекнав еден исправен автобус во јавното претпријатие, ви оставив осум, а вие до каде сте со бесплатниот превоз во Прилеп?

Откако Советот на општина Прилеп, под владение на ВМРО ДПМНЕ, денеска побара ревизија за работењето на ЈП за ПУП, со жестока реакција за актуелната ситуација, по неговата смена се огласи доскорешниот директор на ова јавно претпријатие во Прилеп, Илија Ивановски.

– Пред да почните со ревизија на финансиското работење на ЈП за ПУП кое едвај преживуваше во предходниот период и едвај собиравме средства за плата. Успеав во период на Пандемија да добијам Сертификат за општествена одговорност, претпријатие кое успешно се справуваше со сите предизвици предизвикани од пандемијата. Прв во државава извршив и вршевме дезинфекција на сите автобуси и во целиот период имавме најмал број на заразени вработени од Ковид-19. Во еден период автобускиот превоз беше во прекин, се работеше во смени, а и 300 паркинзи ги изгубивме вели во Фејсбук статус екс-директорот на ЈП за ПУП во Прилеп, Илија Ивановски

– Во 2018год кога се вработив затекнав еден исправен автобус, сега ви оставив 8, ама пак за брзо ќе почните да броите наназад.

На ниеден вработен не му беше раскинат договорот за работа, за разлика од вашата постапка од пред една недела.

Стојам зад сите најуспешни и најзначајни проекти за Прилеп, Новата Детска Градинка, Паркот на езеро, Булеварот Гоце Делчев, Градскиот стадион, Новиот затворен базен, Новите градски автобуси и преку 100 проекти за средните и основни училишта во Општина Прилеп, а вие со моето разрешување и поништување на огласот за вработување во прашање го доведовте работењето на проектантското одделение заради одземање на Лиценцата за проектирање.

– Сакам на граѓаните да му одговорите колку штета направивте после моето разрешување кое е без Правна поука и датум од кога се разрешувам имајќи во предвид дека во тој период бев на боледување.

Во рок од една недела при контрола на автобусите за Градски Превоз од страна на МВР утврдено е дека еден од нив е Нерегистриран и Технички неисправен, а другиот технички неисправен. Имате случај кога несовесен возач од невнимание и ја затвора вратата на жена и ја повредил и нормално ќе ве тужи. Имате нападнат возач исто заради несовесно однесување при што во опасност сте ги ставиле и другите патници.

Кој сега ќе сноси одговорност и кој ќе одговара за настанатите ситуации, и ќе ја плаќа штетата предизвикана од несовесното работење имајќи во предвид дека имате 3ца шефови. Слични сте со Беса Турс ама со време реагирале надлежните органи.

Господа од почеток се гледа вашата грижа за патниците и граѓаните на Прилеп.

За крај да прашам од кога ќе стапи на сила Безплатиот градски превоз за сите најавен од новиот Градоначалник ?прашува Ивановски.