Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: Дожд ќе премине во снег на овие места

Утре ќе има повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи со послаб интензитет. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето, а нови врнежи повторно се очекуваат од вторник.

Прогноза за 28.03.2026
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 8°C до 15°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 29.03.2026
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 9°C до 16°C

Променливо облачно со повремен локален дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 30.03.2026
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 10°C до 17°C

Променливо облачно со услови за слаб дожд, претежно во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +