Centar.mk
ЛОКАЛНО

Скопје во тотален хаос, наместо да стане “побрз” град – граѓаните нервозни останаа по улиците

Полицијата ја спасуваше ситуацијата, откако семафорите во град Скопје “рикнаа”, а сообраќајот доживеа вистински колапс.

Центарот за управување со кризи на Скопје соопшти дека на повеќето сообраќајници низ градот попладнево е забележан поголем метеж на возила.

На раскрсницата кај трговскиот центар „Мавровка” попладнево се случи и сообраќајна незгода во која четири лица се повредени.

Во сообраќајната незгода учествувале пет возила, сите со скопски таблички, потврдија од МВР. Повредените се пренесени во ГОБ „Климент Охридски”, но засега не се знае тежината на повредите.

Можеби ќе ве интересира

ДВА ДЕФЕКТА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА – Делови од Радишани и други скопски улици без вода

ДЕСК

ДЕНЕСКА ПРЕКИНИ НА СТРУЈА ВО ПЕТ СКОПСКИ ОПШТИНИ – Проверете ги улиците и термините

ДЕСК

Герасимовски до стипендистите: Верувајте во себе, Центар е покрај вас

ДЕСК