Centar.mk
СВЕТ

РАКЕТНИ ОСТАТОЦИ ПАДНАА ВО АБУ ДАБИ: Две лица загинаа, повеќе повредени

Властите на Обединетите Арапски Емирати соопштија дека две лица го загубиле животот откако остатоци од пресретната иранска балистичка ракета паднале на улица во Абу Даби.

Според официјалните информации, станува збор за државјани на Пакистан и Индија. Во инцидентот се повредени уште три лица, а причинета е и материјална штета врз неколку возила. Итните служби веднаш интервенирале на местото на настанот.

Медиумот „Емирати Галф њуз“ објави дека со овој случај вкупниот број на жртви во Емиратите поврзани со пад на ракети и беспилотни летала се искачил на 11. Само во денешниот инцидент животот го загубиле две лица, додека тројца се здобиле со повреди.

Во претходните напади, меѓу загинатите има и припадници на вооружените сили на ОАЕ, како и цивили од повеќе земји, меѓу кои Мароко, Пакистан, Непал, Бангладеш, Палестина и Индија. Вкупниот број на повредени лица достигнал 169, со различен степен на повреди.

Можеби ќе ве интересира

Израел ги засилува нападите врз Либан: Повеќе од 30 загинати и десетици повредени

C +

Руски гувернер: Украина го нападна Севастопол со ракети „Storm Shadow“

C +

Туристка поднела тужба против хотел во Италија: ѝ наплаќале седум евра за вода, а не ѝ давале од чешма – судот пресуди

C +