14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Битиќи – Ескобар: Членството во НАТО ги зголеми можностите за нови инвестиции

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи денес се сретна со заменикот помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар, кој е во работна посета на земјава, а на средбата беше придружуван од амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз.

Битиќи и заменикот помошник државен секретар Ескобар, разговарале за економската соработка помеѓу Северна Македонија и САД, пришто се реафирмирале одличните политичко-економски односи помеѓу двете земји и било заклучено дека САД остануваат еден од најцврстите стратешки партнери на нашата земја и силен поддржувач на евро-атлантските интеграции.

Битиќи нагласил дека членството во НАТО, донело стабилност и сигурност на земјата, а со тоа и зголемени можности за нови инвестиции и поголема конкуреност на меѓународно ниво, а посочил и дека Владата е посветена на реализација на сите потребни реформи и надминување на отворените прашања, во насока на целосна интеграција во Европската Унија.

Ескобар и Битиќи разговарале и за унапредување на бизнис климата, подобрување на инфраструктурната поврзаност во земјата и со соседите, како и реализација на проекти за заштита на животната средина и за одржлив економски развој, пришто државниот секретар Ескобар ја потенцирал поддршката на САД за сите регионални економски соработки кои носат конкурентна предност за земјите од Западен Балкан.

На средбата, вицепремиерот ја потврдил нашата посветеност за Северна Македонија да стане енергетски хаб на Балканот, преку диверзификација на изворите за енергија и поврзувајќи се со земјите од регионот, што секако е долгорочна стратегија која ќе обезбеди стабилност, одржливост и предвидливост при снабдувањето.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.