Centar.mk
МОЗАИК

Едноставен и необичен трик за лесно да се ослободите од мирисот на цигарите од собата

Во групата на Фејсбук предводена од британскиот експерт за чистење ‘Mrs Hinch’ се наметна прашањето како да се ослободите од непријатниот мирис на цигарите дома, а советите со кромид привлекоа големо внимание.

Сè што треба да направите е да исечете неколку главици кромид на половина и секоја половина да ја ставите во една просторија.

Иако можеби не звучи примамливо, кромидот ќе ги апсорбира сите мириси што се шират низ собата. По неколку дена, освежете ја областа со миризлив спреј или освежувач на воздух.

Покрај трикот со кромид, присутните предложија и отворање прозорци, длабинско чистење, освежувачи на воздух, шеќерен сапун итн.

„Доколку чад влегол во теписите или било која ткаенина, тогаш мирисот тешко ќе се ослободи и подобро е да се замени ткаенината“, гласи еден од советите.

Можеби ќе ве интересира

Февруари носи пресврт за Вагите по две години искушенија и несреќи: Судбината конечно им враќа со добро

ДЕСК

Доаѓаат пари за четири хороскопски знаци во втората половина од јануари – работите конечно тргнуваат на подобро

ДЕСК

Дневен хороскоп за 13-ти јануари – Судбоносен ден за три хороскопски знаци: Проверете дали сте меѓу нив

ДЕСК