22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

„Дизни“ ќе потроши 33 милијарди долари за нови содржини

„Дизни плус“ станува сè поголем.

„Дизни“ неодамна го претстави својот план за содржините на својата стриминг-услуга „Дизни плус“ во 2022 година, кој вклучува значително зголемен буџет.

Компанијата планира да потроши околу 33 милијарди долари на нови филмови и серии за своите стриминг-услуги Дизни плус, Хулу и ЕСПН плус, во фискалната 2022 година, која почна на 1 октомври, според годишниот извештај на компанијата поднесен до Комисијата за хартии од вредност..

Годишниот извештај открива дека компанијата годинава потрошила 25 милијарди долари на содржини за своите стриминг-услуги.

Треба да се напомене дека „Нетфликс“ потроши речиси 14 милијарди долари за продукција на филмови и серии во 2021 година, а „Дизни“ ја зголемува компанијата со навистина огромна маргина.

Извештајот содржи детали за тоа каде одат тие 33 милијарди долари, со акцент на планот на компанијата да објави 50 филмови во 2022 година во сите брендови под нејзина капа, како што се 20th Century Studios и Marvel Studios.

„Нетфликс“, кој има приближно 214 милиони глобални претплатници во споредба со 118 милиони претплатници на „Дизни плус“, планира да издвои 17 милијарди долари во 2022 година.

Можеби ќе ве интересира

Автопортрет на Фрида Кало продаден за рекордни 34,9 милиони долари

M T

Биткоинот за прв пат од април – речиси 60.000 долари

M T

Исполнување на соништата: Живописните италијански села ќе ви платат 33.000$ за да се доселите таму

M T

Безос стана „потежок“ за 8,4 милијарди долари за еден ден, профитираше иако не направи ништо

M T