Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Од Рига, Османи директно во Стокхолм на министерскиот совет на ОБСЕ

По завршувањето на Советот на Северноатлантската алијанса, Османи директно отпатува за Стокхолм, Шведска, каде што од денеска ќе учествува на состанокот на министерскиот совет на ОБСЕ организиран од страна на шведското претседавање со организацијата.

За време на престојот во Стокхолм, министерот Османи ќе има обраќање на пленарната сесија на советот, a ќе учествува на настани и состаноци поврзани со главните теми на организацијата. На маргините ќе оствари и бројни средби со свои хомолози од земјите учеснички на ОБСЕ, но и со претставници на Секретаријатот на организацијата, соопштија од Министерството за надворешни работи.

Северна Македонија веќе од идната година влегува во ОБСЕ Триото (OSCE Troika) заедно со Шведска, овогодишниот, и Полска, претседавачот во 2022 година. Следната година Северна Македонија веќе ќе претседава и со Групата на медитерански партнери за соработка на ОБСЕ, како добра можност да се остави белег во пошироки меѓународни рамки, преку залагањето и промоцијата на соработката како двигател на меѓународните односи.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +