Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Радев: Десетиците изгубени животи се непростлива загуба за нашите братски земји

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, му изрази сочувство на македонскиот претседател Стево Пендаровски за тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“, во која загинаа 46 луѓе.

Во име на бугарскиот народ и во свое име, претседателот Румен Радев изрази искрено сочувство до семејствата и роднините на загинатите граѓани на Република Северна Македонија, како и надеж за брзо закрепнување на жртвите од катастрофата.

„Во ова тешко време Бугарија и Република Северна Македонија делат заедничка тага, солидарност и емпатија. Десетиците изгубени животи се непростлива загуба за нашите братски земји“, се наведува во сочуството на бугарскиот претседател Радев.

Шефот на бугарската држава ги повикува одговорните институции да ги утврдат причините што довеле до тешката сообраќајна несреќа, како и да им дадат навремена поддршка на преживеаните во несреќата.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво ќе биде времето наредните денови?

ДЕСК

Трагедија: Починато бебе пронајдено во Скопје

ДЕСК