Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Очекувам надлежните да ги утврдат причините за трагедијата каква што не се памети досега

Претседателот Стево Пендаровски изрази сочувство до семејствата на загинатите луѓе во трагичната несреќа што ноќеска се случи во Бугарија, а во која загинаа 46 луѓе.

„Во овие тешки мигови изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на сите лица и наши сограѓани што ги изгубија своите животи и беа повредени во стравотната сообраќајна несреќа што се случи на територијата на соседна Бугарија.

Очекувам надлежните да спроведат целосна истрага, да се утврдат причините и одговорноста за трагедијата каква што не се памети во нашата понова историја.

Во деновите на жалост што следуваат посакувам мирен покој на душите на починатите и побрзо закрепнување на повредените“, порача Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

Се запали сендвичара во Охрид, има повредени

ДЕСК

Трагедија: Му се слошило, па со автомобилот излетал од патот – почина возач

ДЕСК

Трагедија: Починат 47 годишен маж донесен во болница

ДЕСК