22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерот Спасовски на Министерска конференција – Сараевски миграциски дијалог на тема „Управување со миграција и одговор на Западен Балкан“

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на покана на министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Селмо Цикотиќ, денеска учествуваше со свое обраќање на Сараевскиот миграциски дијалог на тема „Управување со миграција и одговор на Западен Балкан“, кој се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина. На конференцијата земаа учество министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ, земјите од Шенген зоната, партнерските земји од Западен Балкан, како и претставници на агенции и институции на ЕУ и САД,

Министерот Спасовски во своето обраќање ја потенцираше потребата од покоординирана и сеопфатна соработка на оперативно ниво, со цел одржливо и успешно управување со миграцијата. „Генерално, главните предизвици во областа на миграцијата за Република Северна Македонија останувааат исти како и пред појавата на пандемијата. Тоа се спречување на илегалната миграција во правец југ – север, но и на секундарните движења во правец север – југ, идентификација на мигрантите, односно потврда на идентитетот утврден по личен исказ и според документите кои ги носат и ефикасно враќање во земјата на потекло или земјата од која оствариле влез во државата“, рече министерот Спасовски.

,,Голем број лица, за кои нашите служби може во моментот да немаат доволно информации, претставуваат потенцијални безбедносни ризици. За ефикасно справување со ваквите ризици, мора да знаеме кој влегува на нашите територии. Оттука, идентификацијата на нелегалните мигранти е клучен чекор. Во овој контекст, од суштинска важност е воспоставувањето на систем за идентификување на нелегални мигранти во регионот, кое би помогнало во спречувањето и борбата против тероризмот и насилниот екстремизам во регионот, а особено во откривањето на поврзаноста на странските терористички борци и нелегалните миграции, како и за ефикасно спречување на радикализацијата на мигрантите кои транзитираат низ регионот“, истакна министерот Спасовски.

Министерот Спасовски во обраќањето се осврна и на потребата од покоординирана и сеопфатна соработка на оперативно ниво или попрецизно – на потребата од заеднички пристап на сите засегнати држави, надлежните агенции на ЕУ и Европската Комисија, со поддршка на релевантни меѓунарoдни организации во рамки на нивните надлежности и подвлече дека заедничкиот пристап подразбира не само редовна размена на податоци и информации, туку и заедничка анализа на ризик, координирање на националните активности, но и реализација на заедничките оперативни активности.

„Во моментов, соработката и координацијата во споменатите области е на завидно ниво, особено ако се има предвид дека станува збор за соработка помеѓу земји членки на ЕУ и земји кои не се членки, на земји кои се дел од Шенген системот и овие кои не се, а има и такви кои се членки на ЕУ, но не и на Шенген системот, што доведува до одредени ограничувања од правен аспект и неможност за користење на сите расположиви механизми на ЕУ. Потребно е развивање на заеднички концепт и метода на работа кои ќе овозможат пред сѐ постојана свесност за ситуацијата, ефикасно справување со постоечката ситуација, но и брза реакција на непредвидени нагли влошувања на состојбите“, рече министерот Спасовски.

На маргините на Министерската конференција министерот Спасовски ќе оствари и билатерална средба со домаќинот на министерската конференција, министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Селмо Цикотиќ.

Можеби ќе ве интересира

Министерката Тренчевска учествува на регионална конференција на УНФПА за родово одговорни политики во Истанбул

M T

Министерот Спасовски во Букурешт оствари работна средба со Огуз Серкант Акин, директор на Центарот за соработка во областа на спроведување на законот на Југоисточна Европа – СЕЛЕК

M T

Реализирана билатерална средба на министерот Спасовски со неговиот романски колега Боде, на која беа потпишани и два документа за зацврстување на соработката

M T

Битиќи од глобалната конференција за програмирање на Зелениот климатски фонд во Јужна Кореја: Од зависност, кон меѓузависност, соработката и солидарноста е нашиот пат напред и успех во справување со климатските промени

M T

Спасовски: Обединети сме во слободата, а чувањето на независноста е наша заедничка обврска

M T

Работна средба на министерот Спасовски со Шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која

M T