Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија Бизнис Спорт

OKTA e главен спонзор на машката кошаркарска репрезентација во квалификациите за Светскиот куп 2023

ОКТА потпиша нов договор за спонзорство на машката сениорска репрезентација, пред стартот на првата фаза од квалификациите за пласман на Светскиот куп во кошарка (2023 FIBA Basketball World Cup).

Со новиот договор ОКТА го потврди своето долгогодишно партнерство со Кошаркарска Федерација на Северна Македонија (КФСМ), што преку различни активности во континуитет се спроведува изминативе седум години. На официјалното потпишување на договорот беше презентиран и новиот дрес на националната репрезентација со логото на ОКТА.

„Како долгогодишен партнер, ОКТА континуирано ги поддржува сите репрезентативни селекции во рамки на кошаркарската федерацијата. Оваа година, среќни сме на можноста да бидеме главен поддржувач на најдобрата национална машка селекција во главните квалификации за пласман во Светскиот куп. Искрено посакуваме оваа соработка да донесе големи успеси на сениорската репрезентација во претстојните исклучително значајни натпревари, со кошаркарските супер-сили“, изјави Вук Радовиќ, главен извршен директор на ОКТА.

Сениорската репрезентација ги почнува квалификациите за Светскиот куп во кошарка на 26. Ноември 2021 г., со натпревар против актуелниот светски шампиони Шпанија, што ќе се одржи во Скопје.
„Со потпишувањето на овој нов договор, ОКТА уште еднаш докажува дека е наш верен партнер. Од името на целата федерација сакам да се заблагодарам на ОКТА за нивната целокупна досегашна поддршка, која продолжува и за време на претстојните квалификациски натпревари за Светскиот куп. Ваквиот вид на долгорочна поддршка ни дава дополнителна енергија да ги надминеме сите предизвици со кои се сочуваме. Воедно претставува силен мотив за играчите да го дадат својот максимум во сите претстојни натпревари и одново да креираат нови спортски успеси и приказни кои долго ќе се паметат и прераскажуваат“, истакна претседателот на КФСМ, Перо Антиќ.

Квалификациите за пласман на Светскиот куп во кошарка, што ќе се одржи во 2023 година во Индонезија, Јапонија и Филипини, ќе се одвиваат во две фази. Во првата фаза, покрај натпреварот против репрезентацијата на Шпанија, нашите кошаркари, во рамки на групата „Г“ од европската зона, ќе се натпреваруваат и со селекциите на Украина и Грузија.

Можеби ќе ве интересира

ОКТА додели пет стипендии на постдипломци на УКИМ

M T

OKTA со поддршка на лицата со оштетен вид за нивно полесно учество во сообраќајот

M T