Centar.mk
БИЗНИСИЗБОРвест

Фестивал на италијанска храна во Скопје

Фестивалот на италијанска храна во Скопје, кој ќе се одржи на плоштад Македонија, на 27 и 28 ноември, во организација на Амбасадата на Р.Италија и ИТА- Italian Trade Agency Skopje.

Настан на отворено со кој се одбележува 6-тата Недела на италијанската кујна во светот, со цел да се промовира традиционалната италијанска кујна и италијанскиот начин на живот.

Најреномираните италијански ресторани од Скопје ќе понудат гастрономско патување низ автентичните вкусови на традиционалната кујна на некои од италијанските региони. Промоција и продажба на италијански прехранбени производи, вина, кафе и слатки…

Настанот предвидува богата и забавна програма, наменета за сите генерации, за љубителите на италијанската храна и култура, ликовен конкурс за деца.

Лотарија за сите оние кои ќе купуваат храна и прехранбени производи за време на Фестивалот и награди од спонзорите NEPTUN, COIN CASA, EUROLAB, BOTTEGA DEL GUSTО, BOTTEGA DEL VINO, RESTORAN GINO и ITA BRAND.

На 27 ноември во 12.00 часот настанот ќе го отворат Амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри и Сашко Коцев, кои на забавен и уникатен начин ќе ја претстават италијанската кујна…Цел викенд со богата забавна програма до вечерните часови, со многу италијанска музика во живо, дружење и уживање во италијанска храна.

Во сабота, 28 ноември, од 19 до 21 часот, посетителите ќе можат да уживаат во несекојдневно музичко патување низ најубавите и најромантични предели на Италија со ПАВЛЕ КАМИЛОСКИ!

Учесници на настанот се: Ресторан Kaj Џино, Ресторан Ла Тераца, Ресторан Венето, Таверна Тоскана, Ботега дел Густо, Ботега дел Вино, Мато Наполетано, Еуролаб и ИТА Бренд.

Можеби ќе ве интересира

УБАВА ВЕСТ: Значително поевтинување на горивата

ДЕСК

Доколку Европа не отстапи од планот за воведување на јаглеродна такса, ќе ни се случи тргување со електрична енергија исклучиво помеѓу земјите кои што не се членки на ЕУ, посочи Бислимоски

C +

РКЕ пред одлука: Се токми нова цена на горивата

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.