23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерот Спасовски учествуваше на научно-стручната расправа за справување со опасност од неексплодирани убојни средства преку напредни дигитални технологии

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше поздравно видео обраќање на отворањето на научно-стручната расправа поврзана со имплементацијата на двегодишниот проект од НАТО Програмата – Наука за мир и безбедност, насловен ВЕКТОР. Проектот е имплементиран од Факултетот за безбедност-Скопје, во соработка со Министерството за внатрешни работи и Дирекцијата за заштита и спасување, како и останатите институции вклучени во системот на заштита и спасување, како Црвениот крст, Армијата на Република Северна Македонија, Центарот за управување со кризи, а е финансиран од НАТО во ко-организација на Факултетот за безбедност – Скопје и повеќе факултети од различни земји.

„Од особено значење се целите што треба да ги постигне оваа работилница со кампања на тема ‘Опасноста од неексплодирани убојни средства преку примена на дигитални технологии во справувањето’, која се спроведува во рамките на проектот ВЕКТОР. Првенствено, таа треба да придонесе за јакнење на свеста кај институциите и граѓаните за рано алармирање кога е во прашање безбедноста и превенирањето на кризни состојби, да поттикне развој на напредни технологии за детекција и идентификација на неексплодирани средства, да креира решенија за справување со импровизирани експлозивни направи и, како неизоставен дел, да овозможи олеснување на взаемната институционална соработка, која е примарна за успешно справување со овој тип предизвици.“, рече министерот Спасовски во обраќањето.

Тој истакна дека покрај придобивките од реализацијата на активностите од проектот ВЕКТОР, учеството на нашата држава во него има и додадена вредност, земајќи ја предвид поддршката од НАТО, како дел од програмата „Наука за мир и безбедност“, особено имајќи ја предвид определбата на Република Северна Македонија, како членка на НАТО и фактор за стабилност во регионот, активно да партиципира во сите проекти кои се од значење за Североатланската алијанса.

„Најмногу би сакал да ја потенцирам можноста што ја нуди проектот ВЕКТОР за унапредување на оперативните активности за постапување со опасните експлозивни убојни средства, преку интегрирање на техниката на 3Д фотограметрија, препознавање на карактеристични детали од фотографии и напредна технологија на виртуелна реалност, за што сум уверен дека во голема мерка ќе придонесат за зајакнување на операциите во случај на широк спектар на сериозни закани.“, акцентираше Спасовски.

Министерот Спасовски на крајот од своето обраќање потенцираше дека крајниот резултат на проектот ВЕКТОР – алатката за виртуелно собирање докази, ќе биде особено корисна за безбедна детекција, идентификација и онеспособување на неексплодирани убојни средства, а научно-стручната расправа ќе придонесе за унапредување на постапките за работа и уште поголемо меѓуинституционално поврзување, со цел спроведување координирани, насочени и контролирани активности.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Министерот Спасовски во Букурешт оствари работна средба со Огуз Серкант Акин, директор на Центарот за соработка во областа на спроведување на законот на Југоисточна Европа – СЕЛЕК

M T

Реализирана билатерална средба на министерот Спасовски со неговиот романски колега Боде, на која беа потпишани и два документа за зацврстување на соработката

M T

Спасовски: Обединети сме во слободата, а чувањето на независноста е наша заедничка обврска

M T

Работна средба на министерот Спасовски со Шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која

M T

Спасовски: Од денеска сите вработени во МВР добиваат покачување на платата од 5%

M T

Спасовски: 5 нови возила и 2 комбиња за Одделот за специјални полициски операции

M T