Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Костадинов: СДСМ ќе се реорганизира, но европскиот пат на државата мораме да го изодиме

Одлуката на претседателот Заев е негова лична одлука и ние ја почитуваме. Тоа е одлука што кај нас првпат се случува од позиција на власт, тоа е голем чин, но имајќи ги предвид состојбите, потребна е нормализација, истакна претседателот на Централниот одбор на СДСМ, Перо Костадинов во гостувањето во „Утрински брифинг“. Тој кажа дека граѓаните треба да се потсетат како се живеело пред само четири до пет години и ги повикува сите што имаат функции да се заложат за процесите што значат европски стандарди.

-Многу процеси во државата сега течат во вистинска насока. Од партијата, пак, испративме пораки на обединување и партијата дополнително ќе се реорганизира наредниов период. Верувам дека патот што е трасиран изминатиот период ќе го задржиме и не сакам да верувам дека повторно ќе имаме процеси на назадување и периодот на убиство на духот на младите повторно да се врати, истакна Костадинов.

Тој додаде дека СДСМ покажува обединетост овој период и нагласи дека мора како партија да функционираат на начин што ќе го подобруваат системот, а еден таков начин е да бидат самокритични и да ја прифаќаат критиката.

Можеби ќе ве интересира

Отсјај од рефлектори на небото над Битола направи паника, отвори дилеми и шекулации на социјалните мрежи

ДЕСК

ШОК ВО СКОПЈЕ: Како закочил автобус со неисправни сопирачки, а бил полн со 85 деца, 37 над дозволеното!?

ДЕСК

ХАОС СО ВРЕМЕТО: Од кочан ладно време веднаш доаѓаат температури и до 25°C – Метеоролозите со повеќедневна прогноза

ДЕСК