Centar.mk
ТЕМАМОЗАИК

Зошто вашето куче ја наведнува главата додека зборувате – Еве што значи тоа!

Веројатно сте забележале дека вашето куче ја навалува главата додека зборувате или кога слуша некој чуден звук. Експертите открија што значи тоа

Кучињата имаат подвижни ушни школки, што им овозможува да го лоцираат изворот на звукот, а со помош на мозочните функции го одредуваат времето на звукот што стигнува до увото.

Кога кучето ја движи главата, му се обезбедуваат дополнителни информации, односно му помага подобро да го лоцира местото и растојанието на изворот на звук.

Според експертите за однесување на кучиња, домашно милениче се обидува да идентификува познати зборови или тонови кои го поврзуваат со награда (прошетка или пратка).

Мускулите на средното уво на кучето го контролираат делот од мозокот кој е одговорен за изразите на лицето и движењата на главата, па некои експерти заклучуваат дека вака кучето ве слуша и се обидува да комуницира.

Во обид да не разберат, кучињата ги користат не само нашите зборови и интонации, туку и изрази на лицето, говор на телото и движења на очите.

Затоа со наведнувањето на главата се трудат подобро да ги согледаат нештата.

Можеби ќе ве интересира

Дневен хороскоп за 15 јануари 2026

ДЕСК

Емоции, пари и тајни одлуки: Што навистина носи 14 јануари за хороскопските знаци

ДЕСК

Февруари носи пресврт за Вагите по две години искушенија и несреќи: Судбината конечно им враќа со добро

ДЕСК