7.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Го тужела затоа што не се оженил со неа! Беа во врска 8 години, добија дете, а од прстенот ни трага, ни глас

Без разлика колку долго се заедно или колку се вљубени, многу парови често имаат различни мислења за тоа кога е вистинското време за веридба или брак.

Имајќи го тоа на ум, би имало смисла да седнете и да разговарате со другата половина, за да бидете сигурни дека следниот чекор е она што и двајцата го сакате.

Гертруда Нгома (26) и Херберт Салалики (28) се заедно речиси една деценија, дури имаат и заедничко дете, но за жал, нивниот однос се влошил кога Херберт не го исполнил ветувањето дека ќе ја запроси.

Затоа решила да го изведе партнерот пред лицето на правдата и да го тужи за губење време. Медиумите пишуваат дека Гертруда се чувствувала како таткото на нејзиното дете да не е доволно сериозен во нивната врска, па и покрај тоа што и платил мираз на нејзиното семејство, како што е традиција во нивната земја Замбија, сепак не и’ купил веренички прстен.

„Го тужев на суд бидејќи заслужувам да знам каде води ова и каква е нашата иднина“, рече таа.

Бранејќи се пред судот, Херберт рече дека причината е тоа што се уште не е доволно финансиски стабилен за да ја плати свадбата, но смета и дека Гертруда не му посветила доволно внимание.

Судијата и рекол на парот дека помирувањето ќе биде најдобриот исход, но не е познато дали решиле да ја продолжат врската.

Спонзорирано: