19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Колку калории согорувате додека спиете?

Кога станува збор за одржување на вашата тежина под контрола, важни се и квалитетот и квантитетот на вашиот сон.

Можеби не го сфаќате спиењето како време во кое согорувате калории, но вистината е дека вашето тело тоа го прави дури и тогаш. Да бидеме појасни – согорувањето на калории во оваа фаза е минимално, приближно 40 до 55 калории на час, а има неколку фактори кои влијаат на таа бројка, вклучувајќи ја и вашата тежина.

Значи, иако спиењето не е како HIIT тренингот, може да ви помогне да согорите неколку стотици калории, ако спиете минимален број препорачани часови или седум до девет часа навечер.

Дали некогаш сте слушнале за брзината на метаболизмот во мирување? Тоа е бројот на калории што поединецот ги согорува додека е во мирување.

„Во суштина тоа е минималната енергија потребна за основните физиолошки функции кои не одржуваат во живот“, објаснува Алекс Ротштајн, инструктор во научната програма за вежбање на Технолошкиот институт во Њујорк.

„Кога спиеме, се одмараме, така што нашата потрошувачка на калории се заснова на тоа“, продолжува тој, истакнувајќи дека факторите кои влијаат на нашата потрошувачка на калории се засноваат на работите што влијаат на нашиот метаболизам. Овие работи ја вклучуваат количината на чиста телесна маса што ја имате, дали сте вежбале тој ден и каква храна јадете.

Постојат и други важни начини на кои спиењето влијае на вашата тежина. Кога станува збор за одржување на вашата тежина под контрола, и квалитетот и квантитетот на вашиот сон се важни.

Постојаниот недостаток на сон ги уништува вашите хормони за глад, зголемувајќи ја количината на грелин кој го зголемува апетитот и го намалува лептинот кој го потиснува апетитот.

„Конзумирањето калории е еден компензаторен механизам за лице кое не спие“, вели неврологот и специјалист за спиење В. Крис Винтер.

Со други зборови, имате тенденција да јадете повеќе. И не само тоа, туку по само една непроспиена ноќ, покажале истражувањата, особено сте склони кон јадење храна богата со калории и масти.

Спиењето влијае и на другите хормони кои ја регулираат тежината.

„Да, недостатокот на сон, дури и краткорочен, може да резултира со нерамнотежа на инсулин и гликоза“, вели Кели Гил, специјалист за медицина на спиење во болницата Northwestern Medicine Central DuPage.

Недостатокот на сон може да влијае и на рамнотежата на кортизолот и тироидните хормони.

Добриот ноќен одмор е клучен за сите физиолошки функции, а неговиот недостаток може да биде штетен. Кога станува збор за тренинзите, спиењето „влијае на сè, од тоа како го перципирате тренингот, колку сте уморни или колку сте фокусирани на формата, до колку издржливост и сила имате“, објаснува Ротштајн.

Потоа влијае на тоа колку добро ќе се опоравите од тренинг за да се прилагодите и да се вратите посилни и поотпорни“.

На сите ни треба квалитетен сон, кој ќе трае најмалку седум часа навечер. Ако се борите со сонот, поставете рутина за спиење, не гледајте телевизија пред спиење, медитирајте и направете ја просторијата поудобна и поладна – 18 степени Целзиусови е идеална температура за спиење.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Одење и слабеење – и тоа е можно: Со 5 совети согорете 50 отсто повеќе калории

M T

ТЕРЕТАНА под јорган: Еве колку калории се согоруваат во 5-те НАЈПОПУЛАРНИ ПОЗИ

M T

Бебето не се буди само кога е гладно: Три заблуди за неговото СПИЕЊЕ кои го отежнуваат родителството

M T

Штетно влијание на мобилните телефони: Еве зошто не треба да го држите телефонот до вас додека спиете

M T

ЕВЕ ДАЛИ ТРЕБА ДА МАСТУРБИРАТЕ ПРЕД СПИЕЊЕ: Во телото се случуваат НЕВЕРОЈАТНИ промени – фокусирајте се на ЕДНО

M T

Помага на повеќе начини: Спиењето покрај КУЧЕ може да биде ЛЕКОВИТО

M T