Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈА

Температурите утре ќе паднат на -4 степени, од понеделник промена на времето – Детална прогноза за следните 4 дена

Денес ќе биде наутро студено со температури кои во североисточниот дел ќе паднат до -4 степени, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Следува период на стабилно време, со појава на умерена облачност. Утре минималните температури на повеќе места ќе бидат негативни, а од петок ќе има пораст на температурите, особено на утринските.

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Прогноза за 28.10.2021
Минимална температура: -3°C до 5°C
Максимална температура: 13°C до 18°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северисточен правец.

Прогноза за 29.10.2021
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 13°C до 19°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Прогноза за 30.10.2021
Минимална температура: 1°C до 9°C
Максимална температура: 14°C до 19°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК