Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Расчистена кражба на возило, приведено едно лице во Скопје

На 13.10.2021 во 14.30 часот на ул.„Пролет“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Б.Д.(46) од Скопје, поради сомнение дека на 11.10.2021 од бул.„Борис Трајковски“ одзел патничко возило „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.Н. од Скопје, со кое подоцна во с.Ново село, скопско, удрил во возило „цитроен берлинго“, сопственост на К.М. од Скопје и го напуштил местото.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 242 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот, вели Стоојаноски

ДЕСК

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Дождови и магла од петок, во недела се очекуваат пообилни врнежи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК