Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Душко Весковски: Проекцијата за новите детски градинки предвидува изградба на објекти од по 1480м2, на два ката и згрижување на 130 до 150 деца од предучилишна возраст во еден објект

Презентација на проект за изградба на нови детски градинки:

Нашата политика и проектите што се планира да се реализираат во наредниот четиригодишен период треба да остварат позитивен ефект врз најмладите, преку обезбедување и одржување здрава средина за раст и развој.

Проектите што се предвидуваат треба да придонесат за зајакнување на капацитетите на постојните детски градинки, за зајакнување и интензивирање на примената на спортот и различните спортски дисциплини, за поддршка на воннаставните активности и културното издигнување на младите генерации.

Нашата цел е за секое дете да се обезбедат еднакви можности и услови за правилен раст и развој, во здрава средина. Затоа, планираме да изградиме по една нова детска градинка во зоната покрај реката Вардар и на просторот околу некогашна „Алуминка”, со што значително ќе се подобри капацитетот и квалитетот на грижата за најмладите карпошани. Тоа, пред сѐ, ќе значи згрижување на сите дечиња од предучилишна возраст што се на листите на чекање, но и можност за отворање нови работни места.

„Проекцијата за новите детски градинки предвидува изградба на објекти од по 1480м2, на два ката и згрижување на 130 до 150 деца од предучилишна возраст во еден објект“ – посочи Душко Весковски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош.

Константно ќе работиме и на обновување и проширување на веќе постоечките градинки, со што ќе ги подобриме условите за најмладите во општината.

Можеби ќе ве интересира

Шахпаска: Продолжуваме со реновирањето на детските градинки

M T

Шахпаска: Апелирам до сите вработени од детските градинки да се вакцинираат

M T

Лидија Тасевска: За 10 месеци отворивме 13 детски градинки, ги зголемивме платите за воспитувачките и негувателките

M T