Снег на планинските превои Ѓавато, Буково, Стража, како и на други повисоки места низ земјава.
Поради спуштање на студена воздушна маса од север во текот на денот времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2) проследени со засилен северен ветер. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 см.
Врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места. Потоа во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со локална појава на краткотраен дожд, а дневните температури ќе бидат во пораст.
Прогноза за 16.10.2021
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 8°C до 16°C
Променливо облачно со локална појава на краткотраен дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.
Прогноза за 17.10.2021
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 10°C до 17°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Прогноза за 18.10.2021
Минимална температура: 2°C до 10°C
Максимална температура: 11°C до 18°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.