15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Премиерот Заев ќе го отвори Самитот на Западен Балкан во организација на лондонски „Економист“

Премиерот Зоран Заев утрово со воведно обраќање ќе го отвори Самитот на Западен Балкан во организација на лондонски „Економист“.

Тема на Самитот е „Унапредување на европската инклузивност и солидарност“. На Самитот на засебни панел сесии ќе учествуваат и вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, министрите за економија Крешник Бектеши, за финансии Фатмир Бесими, за надворешни работи Бујар Османи, како и за министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Говорници на настанот ќе бидат високи претставници од светската, европската и регионалната политика, од меѓународните финансиски институции и компании, владин и невладин сектор и академската сфера, како што се поранешниот заменик-државен секретар на САД, Џон Негропонте, поранешниот германски вицеканцелар и министер за надворешни работи, Јошка Фишер, актуелниот заменик-помошник на американскиот државен секретар, Габриел Ескобар, актуелниот претседател на Трансатлантскиот центар при Германскиот Маршалов Фонд на САД, Јан Лесер, шефот на одделот за Адриатик при Европската инвестициска банка, Матео Ривелини и слично.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Зоран Заев: Нека ни е честит и вечен Денот на демократијата

M T

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе учествува на Самитот на ОН за трансформација на образованието

M T

Путин и Џинпинг ќе се сретнат следната недела на самитот во Узбекистан

M T

Ковачевски на Самитот „Отворен Балкан“: Низ конкретни чекори ја унапредуваме регионалната соработка, на патот кон ЕУ – Отворен Балкан е функционална иницијатива

M T

Премиерот Ковачевски денеска ќе учествува на лидерскиот Самит „Отворен Балкан“ во Белград

M T

Претседателите на Кина и Русија во ноември на самит Г20

M T