25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Николовски од Крива Паланка: Денеска е историски ден, ја имаме најголемата инвестиција од независноста досега, тешка 500 милиони евра

СДСМ создава иднина која е сигурна и безбедна, порача генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски на трибината во Крива Паланка. Тој додаде дека со СДСМ граѓаните се „на чисто“, затоа што нема фрлање пари на барок и стиропор, додека со Мицкоски никој не знае на што е.

-Со СДСМ имаме држава која јакне. Оваа генерација на политичари гради нов систем на вредности. Ние го зачувавме македонскиот идентитет и јазик и носиме храбри одлуки, рече Николовски.

Тој потсети дека се кратат привилегиите на функционерите за да се градат патишта, болници и паркови, а резултатите од управувањето на СДСМ ќе говорат сами за себе и за педесет години.

-Денеска е историски ден, бидејќи денеска претседателот Зоран Заев ја промовираше најголемата инвестиција во државата од независноста до денес, од 500 милиони евра. Тоа е германска инвестиција, која е од областа на екологијата и ќе се гради во овој крај, нагласи Николовски.

Генералниот секретар на СДСМ потсети на проектите реазлизирани во Крива Паланка, истакнувајќи дека се гради експресниот пат од Коридорот 8 вреден 58 милиони евра, а и конечно, како што вели, се гради долговетуваната железница кон Бугарија, која е конечно реалност.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО и ВИДЕО) Светна Телекомуникациската кула веднаш до Милениумскиот крст – повисока е од него, а ќе има и ресторан кој ќе врти 360 степени за 1 час

ДЕСК

Температурите повторно одат нагоре: Синоптичарите објавија временска прогноза – пеколно жешко и до 37°C

ДЕСК

Работник – српски државјанин повреден при градежни активности во Гевгелија

ДЕСК