10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев од Крива Паланка: Инвестицијата во ветерници за производство на струја е нашата „Зелена агенда“

Секој ден врне, нека врне, есента со дожд ја личи и во недела ќе врнат гласови, ама за бројот 12 бидејќи сме на пет дена до локалните избори,  а вие знаете дека до пред само четири години имавте паша, а градот беше негов пашалак, затоа му покажавте црвен картон, па со Борјанчо Мицевски постигнавме напредок, што со посветенот и многу љубов и служеше на Крива Паланка, а сега Сашко Мицевски ќе го искачи градот на ново скалило, рече претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на трибината во Крива Паланка.

-Доаѓа времето кога Крива Планка ќе им држи лекции на останатите општини во Северна Македонија. Денеска ја потврдувам најголемата германска гринфилд инвестиција во Северна Македонија, 415 мегаватна електрана во вредност од околу 520 милиони евра од делот кај Куманово до Крива Паланка, „Вирови“ ќе биде најголемиот ветрен парк, 69 ветерници од по шест мегавати, тие ќе создаваат над 400 мегавати струја што е приближно колку што произведува еден од двата блока во РЕК Битола, а тоа значи дека младите ќе останата да работат, а и општинскиот буџет на Крива Паланка ќе добие повеќе пари, ова е зелена агенда систем кон обновливи извори на енергија, за поголемо производство на струја, најави Заев.

Тој потсети дека СДСМ и Владата постигнаа бројни успеси во изминатите  четири години.

-Ја вративме државата на вистински пат, го зацврстивме македонкиот јазик, станавме членка на НАТО, денес сме држава признаена од целиот свет, дома ги вративме слободата и демократијата, ги отворивме институциите, изградивме капитални инвестиции кои го подобруваат животот на народот, 60 детски градинки, над 80 училишта, 34 болници, плошади објекти и проекти вредни повеќе од 500 милиони евра, општините беа во долгови ги радолживме со над 50 милиони евра и над 7000 проекти, инвестиравме во патната на инфраструктура, затоа што тоа е важно за развојот, се гради пруга, експресни патишта кои даваат сериозни можности за економски локален развој, само во овј дел имаме проекти кои се во вредност од над 700 милиони евра кои до пред некоја година беа мисловна именка за овој крај, кој за жал со децении беше заборавен од власта, појасни Заев.