Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија ТОП ВЕСТИ

СДСМ: Програмите на нашите кандидати за градоначалници го имаат најдоброто – важни и реално остварливи проекти за подобар животен стандард

Соопштение на СДСМ:

СДСМ како одговорна и државотворна партија нуди низа проекти кои го унапредуваат квалитетот на животот на граѓаните и европските стандарди ги носат дома, во нашата татковина, во нашите општини.

Во програмите на нашите кандидати за градоначалници ќе го најдете најдоброто за вашата општина во добро осмислени и реално остварливи проекти.

За разлика од опозицијата која покажува несериозен однос кон граѓаните со понуда на проекти кои немаат допир со реалноста, ние даваме збор, одговорно и домаќински, дека нашите проекти ќе станат реалност до 2025 година.

За Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев напредокот и развојот на општините се врвен приоритет.

Доказ за тоа е фактот дека денес имаме раздолжени општини. Во периодот 2021-2025 нашиот фокус на работење ќе биде ефикасноста, грижата за сите потреби на граѓаните и силната определба да креираме функционални општини способни да ги решаваат проблемите на граѓаните.

Посветеноста на централната власт е вистинска гаранција за реализација на нашите локални проекти за сите општини.

Изминатите четири години покажавме дека со нас граѓаните се на сигурно, дека ќе се работи, дека нема да остане ниту една општина запоставена и дека локалните самоуправи и понатаму ќе останат висок приоритет на централната власт.

Проектите во програмите на нашите градоначалници се доказ за тоа.

Продолжуваме да инвестираме во капитални проекти кои носат локален економски развој, нови работни места во општините и повисок животен стандард за сите.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Новиот директор на РЕК Битола е дипломиран машински инженер и искусен, докажан кадар

M T

СДСМ: Мицкоски промашените проекти од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ да не ги припишува на Владата предводена од СДСМ

M T

СДСМ: Зголемено и стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ ќе стави крај на блокадите на опозицијата и ќе ги донесе важните закони

M T